Го имаме најлошиот тенисер на сите времиња – цел меч не освои ниту еден поен (Видео)!

Доха е домаќин на еден од многуте тениски турнири од Фјучерс серијата, на која учествуваа младите таленти, но и оние играчи кои се многу послабо рангирани и се далеку од светската класа. Турнирот кој има награден фонд од 15.000 долари, ќе се памети по еден необичен меч.

Во квалификациите за турнирот, Критин Кајкул го победи Украинецот Артем Бахмет, и тоа со убедливи 6:0, 6:0. Кога противникот нема да освои ниту еден гем, тоа се вика златна победа, но ова што го направи Кајкул е вистинско чудо. Не само што не загуби ниту еден гем, туку не загуби ниту еден поен!

Украинецот, кој е тотален анонимус и се претпоставува дека е син на богаташи кои му овозможиле да биде дел од турнирот во Доха, покажа што значи да се биде вистински антиталент за еден спорт. Артем ги загуби сите 48 поени во низа и на теренот помина само 22 минути.

Погледнете ги последните неколку поени на мечот.

https://twitter.com/stokaljona/status/1204005422795018240

- Оглас -

Најнови вести