Го имитираше Суарес со гризењето противнички играч, ќе отседи четири меча (видео)

Патрик Габарон, дефанзивецот на Лацио, ќе отседи четири меча во Серија А како суспензија поради неспортскиот потег кој вчера го направи во поразот од Лече. Играчот на Небесносините го гризна противничкиот играч Жулиот Донати и доби директен црвен картон во финишот од средбата.

Нервозната и непромислена реакција го чинеше Шпанецот казна од четири меча, па Симоне Инзаги нема да смета на него во дуелите против Сасуоло, Удинезе и Калјари, но и за дербито против Јувентус во рамките од 34-тото коло во Калчо лигата.

- Оглас -

Најнови вести