Го искараа дека се слика крај базени, па објави фотка и со мајка му

Откако поранешниот претседател на Јувентус, Џиљи, го критикуваше Кристијано Роналдо дека се сликал само покрај базени и дека го излажал клубот дека ќе си оди во родната земја за да ја посети мајка му која има здравствени проблеми, португалската фудбалска суперѕвезда се појави и на една фотографија на која е со мајка му и сестрите.

Мајката Марија Долорес после исхемичниот удар кој го имаше на 3 март, закрепнува во домашни услови, за неа се грижат синот Кристијано и ќерките Катја и Елма.

„Мора да оздравам, нема изговори. Не ми фалат мотивација, инспирација и желба“ – напиша мајка му на Роналдо.

Потоа се јави и фудбалерот, кој ја објави истата фотографија. „Благодарен сум што мојата мајка излезе од болница и закрепнува. Грижете се за вашите семејства и тие што ги сакате“ – порача Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести