Се бара 4+, Џокер имаше 3+1 – Го искараа Јокиќ за еден од најлудите квадрипл-дабл ефекти во НБА (Видео)

Никола Јокиќ постигна еден од најлудите квадрипл-дабл учиноци во историјата на НБА-лигата, а сепак доби многу критики за играта против Сакраменто кингс.

Извонредниот центар на Денвер нагетс постигна 26 поени, имаше 12 асистенции и 11 скока, но и вкупно 10 грешки, или половина од целиот тим на гостите кои загубија со 125:115.

Квадрипл-дабл учинокот во лига како НБА е реткост, а за да биде комплетно позитивен, најчесто една од категориите покрај поените, асистенциите и скоковите, се блокадите или украдените топки.

Кај Јокиќ комбинацијата е чудна со одличен ефект во поени, асистенции и скокови, но и двоцифрен број на загубени топки, дури 10.

„Тоа е премногу за играч од негов калибар. Никола не смее да има двоцифрен број на грешки“, изјави тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун.

Сепак, Јокиќ има регуларен трипл-дабл, што му е вкупно 44-ти во кариерата и се проби на деветтото место на вечната листа, а сега е и најдобар во таа категорија во клупската историја на Денвер нагетс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести