Го издадоа снимките, грчката полиција уапси лице вмешано во крвопролевањето во Атина

Грчката полиција го уапсила лицето кое учествуваше во насилството кое резултираше сп смртни последици за навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, за време на нередите во Атина пред 11 дена, кога се судрија фанови на Динамо Загреб поддржани од навивачи на Панатинаикос, и АЕК.

Човекот е 25-годишен Грк, и навивач на Панатинаикос, а и во минатото учествувал во инциденти помеѓу навивачки групи. По него беше распишана и потерница, а го најдоа дома.

На снимките од камерите го нема моментот кога Михалис е прободен со нож, но има снимка на која се гледа како е удрен со прачка од лице во црна облека. Полицијата објави дека хулиганот има и тетоважа на вратот.

Полицијата ги анализира снимките, и на една од нив се гледа лице во црно со прачка во рака, кој всушност е Грк и им го покажуваа патот на Хрватите низ улиците во близина на стадионот на АЕК во населбата Неа Филаделфија.

Нема снимка од моментот на прободување, засега нема ни конкретни резултати од ДНК анализите и прегледувањето на телефоните, па пронаоѓањето на убиецот на Михалис оди тешко.

- Оглас -

Најнови вести