Несреќниот Михалис бил убиен од навивач на АЕК Атина? (Видео)

На социјалните мрежи се појави ново видео кое може да фрли поинакво светло на несреќата која се случи минатата недела, во која животот го загуби навивачот на АЕК Атина, Михалис Кацурис (29).

Првичните информации на грчките медиуми и полицијата беа дека бил убиен од страна на навивачи на Динамо Загреб, потоа се појави информација дека убиецот бил фан на Панатинаикос, а денеска на социјалните мрежи се поајви видео во кое убиецот може да биде навивач на АЕК Атина.

На видеото кое трае 40-тина секунди се гледа како Михалис Кацурис трча заедно со навивачи на АЕК Атина, но во еден момент друг навивач го удира неколкупати со палка. Причина за нападот е тоа што сега веќе убиениот Кацурис носел плава маичка, која е заштитна боја на навивачите на Динамо Загреб. Потоа се гледа како влегува во маркет и легнува на подот, а во следните кадри се гледа возило на брза помош, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Грчката полиција досега уапси 105 навивачи од кои најголем дел се членови на Бед Блу Бојс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести