Голманот на Локомотив Лајпциг, Фабијан Гудериц е вистински трагичар на тимот што бие битка за пласман во Третата германска лига, а смешниот автогол што си го постигна во финишот на мечот со Верл може скапо да чини.
Гудериц тргна на една балон-топка, што се чинеше дека лесно ќе ја скроти, но му се лизна и влезе во голот.
Lok Leipzig goalkeeper’s howler leads to equalizer in promotion play-off [88′ minute] from soccer
Со тој погодок гостите израмнија на 2:2 и сега Верл е во предност бидејќи реваншот ќе го игра на свој терен. Ова е финале во разигрувањето на едно од Регионалните натптреварувања во Германија и победникот ќе се пласира во Третата лига.