Ќе беше спектакл на векот – Го купија Балотели, во последен час ја повлекоа понудата за Меси

Мурат Санчак има големи амбиции со новиот турски прволигаш Адана Демирспор, а по ангажманот на Марио Балотели, првиот човек на клубот имал намера да му понуди и на Лионел Меси да игра за нив.

„Разговарав со Метин Коркмаз и дојдовме на идеа да му понудиме на Меси да игра за нас. Ајде да му понудиме 15 милиони евра, ќе биде спектакуларно да настапува за Адана. Што ќе беше ако прифатеше? Лудница, но сепак има и граници за нас. Немаме толку пари да им конкурираме на богатите клубови во Европа и знаевме дека понудата нема да биде доволна“, изјави претседателот на Адана Демирспор.

Клубот што има 80-годишна фудбалска традиција и е формиран со помош на околу 500 работници во турската железница непосредно пред Новата година во 1940 година по 26 години пауза се врати во Првата турска лига.

Вечерва од 20.45 часот ќе ја почнат интересната одисеја во меч против најтрофејниот турски клуб Фенербахче на домашен терен во првото коло од најсилната лига во оваа земја.

Адана има сосема солиден тим, а прва ѕвезда им е Марио Балотели, играч што го купија ова лето. Меѓу адутите им се и Мароканецот Белханда, капитенот Инлер, репрезентативецот на Исланд, Биркир Бјарнасон, Асомбалонга, Стамубули и уште неколку квалитетни играчи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести