Го надмудри Челзи, па добива шанса да го изненади и Јунајтед

Додека управата е во потрага по нов тренер, следниот викенд Данкан Фергусон повторно ќе седи на клупата на Евертон. Привремениот тренер добро се покажа на дебито во дуелот против Челзи, Карамелите славеа со 3-1, по што лојалниот работник на клубот од Мерсисајд стана миленик меѓу навивачите.

Затоа Фергусон ќе има прилика да ја води екипата и на тешкото гостување кај Манчестер јунајтед, дуелот кој ќе се игра во рамките од 17-тото коло во Премиер лигата. Доколку на „Олд трафорд“ се случи изненадување, Фергусон може да ја задржи работата барем до крајот на сезоната, пред раководството да најде долгорочно решение.

- Оглас -

Најнови вести