Го напушти Баерн, не сакаше да потпише за Њукасл, а неговиот нов клуб е вистинско изненадување

Корентин Толисо е еден од играчите кои со радоста за титулата во Бундеслигата, му кажа и збогум на Баерн Минхен. Францускиот играч за врска кој има и 28 меча за националниот тим, се очекува да се врати во клубот во кој ја започна кариерата, а тоа е Олимпик Лион.

Толисо во Баерн дојде во 2017 година и одигра вкупно 118 меча во кои успеа да постигне и 21 погодок, а се радуваше на вкупно 13 трофеи во дури шест различни натпреварувања и ги освои сите најзначајни пехари.

Њукасл беше тимот кој сакаше да го купи Толисо, но тоа нема да се случи затоа што фудбалерот одлучи да се врати во Олимпик Лион, каде започна како младинец и од каде за сума од 40 милиони евра направи трансфер во Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести