Го научија Челзи, сега сите му бараат стотки во милиони евра и фунти за трансфери

Брајтон ја одби понудата на Челзи за еквадорскиот репрезентативец Мојзес Каиседо и бара клубот од Лондон да плати 100 милиони фунти за играчот од средниот ред.

Челзи сакаше да го купи Каиседо во овој преоден рок, во кој веќе плати 100 милиони, но во евра за Михајло Мудрик.

Брајтон го купи Каиседо од Индепендиенте Дел Вале во февруари 2021 година само за 5 милиони фунти, а сега според британските медиуми, одби понуда од Челзи вредна 42 милиони фунти.

Капацитетот и квалитетот на 21-годишниот Еквадорец одлично ги познава тренерот на Челзи, Греам Потер, кој му беше тренер пред да се пресели во Челзи.

Сега токму Потер е иницијаторот за да се ангажира одличниот играч за врска од Брајтон, но првата понуда е одбиена.

 

- Оглас -

Најнови вести