Го нема Кејн, но тука е Лукас

Тотенхем рутински го совлада Хадерсфилд со 4-0 во првиот денешен меч од 34-тото коло во Премиер лигата. Отсуството на капитенот Хари Кејн не се почувствува на теренот, бидејќи домаќините за помалку од половина час ја завршија работата, а Лукас Мура царуваше на теренот.

Ванјама во 24-тата и Лукас во 27-та минута ги осигураа трите бода, но Бразилецот во 87-та и последната минута од судиското надополнување во два наврати ја затресе мрежата и го оствари хет-трикот за лондончани.

Со оваа победа Тотенхем се врати на третата позиција на табелата, со еден бод повеќе од градскиот ривал Челзи, додека Хадерсфилд и дефинитивно од следната сезона ќе играат во второто по квалитет англиско натпреварување, откако по 34 натпревари освоија само 14 бода и се наоѓаат на последното место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести