Интер Мајами со 2:0 го победи Синсинати во дербито на МЛС шампионатот во САД. Со оваа победа Интер Мајами го задржа првото место во Источната конференција и стана првиот тим кој успеа да обезбеди место во плејофот.
Речиси два месеци Интер Мајами е без Лионел Меси, но тоа не беше проблем тимот да победува. На дербито против Синсинати, во отсуство на Меси, тука беше Луис Суарес. Докажаниот голгетер уште на стартот од мечот покажа кој е „газда“ на стадионот во Мајами и со погодоци во првата и шестата минута стигна до водство од 2:0, кое на крајот се покажа како доволно за победа.
Покрај Суарес, во тимот на Интер Мајами беа уште две докажани некогашни ѕвезди на Барселона, Жорди Алба и Серхио Бускетс.