Го победи Ѓоковиќ, а признава дека во текот на мечот и тој пеел: Ноле, Ноле

Душан Лајовиќ за прв пат во кариерата го победи Новак Ѓоковиќ и тоа на турнир кој е домашен за двајцата српски тенисери, во Бања Лука. Речиси два и пол часа траеше битката која на крајот Лајовиќ ја доби со 6:4, 7:6(6), а по мечот призна дека ова е нешто за кое не верувал дека може да го направи.

Лајовиќ дури призна дека во еден момент и тој „навивал“ за Ѓоковиќ затоа што тој е национален херој на Србија.

„Ова е најголема победа во мојата кариера. Играм против Ноле кој е херој на нашата земја. Не ни замислував дека можам да го победам него. Сите ние го сакаме Ноле, дури во еден момент кога целата публика викаше „Ноле, Ноле“ и јас се фатив самиот себе како викам „Ноле“, а потоа се сетив дека јас сум негов противник и тоа не е многу корисно за мене. Одиграв одличен меч и добро е што заврши во два сета, затоа што ако се играше трет сет, тешко дека резултатот ќе беше на крај ваков“, рече пресреќниот Лајовиќ по победата над светскиот рекет број 1.

- Оглас -

Најнови вести