Топ-тикет во Куманово – Го погоди падот на европскиот првак и си „подигна“ 2.200 евра за 50 денари (Фото)

Кумановскиот тикет со пет пара, сите одиграни со иста комбинирана игра, полувреме-крај со голови, му донесе добивка од 160.516 денари на мајсторот за обложување што го погоди падот на европскиот првак Баерн Минхен во дуелот со Пари Сен Жермен.

Јуначки е одиграно 2-2&3-5 гола, а драмата што ја гледавме во Минхен беше особено возбудлива за обложувачот што уплати 50 денари во Куманово и си доби 2.200 евра во нето-износ.

ПРЕЖИВЕА НЕВИДЕНА ДРАМА, НАВАС И НОЈЕР ГИ ЧУВАА МРЕЖИТЕ НАД 25 МИНУТИ, ЧИЛВЕЛ СЕ ПОЈАВИ КАКО СПАС ВО 85-ТАТА МИНУТА

ПСЖ поведе со 2:0, Баерн намали со голот на Чупо-Мотинг во првото полувреме, а потоа со погодокот на Томас Милер и израмни на 2:2. Во тие моментни не му било лесно на обложувачот од Куманово, но, за среќа, Килијан Мбапе постигна уште еден гол во 68-мата минута за победа од 3:2 на гостите од Париз.

Сепак, и тука не беше крај на маките на сопственикот на добитниот тикет бидејќи не смееше да има уште еден гол на мечот во Минхен бидејќи ќе ја минеше границата од 3-5 гола. Кејлор Навас бранеше импресивно, на спротивната страна и Мануел Нојер не дозволи по четврти пат да му се тресе мрежата што донесе голема радост во Куманово.

Претходно како под конец беа погодени дуелите меѓу Бешикташ и Аланијаспор со 1-1&2-5, Интер против Сасуоло со знак 1-1&3-5 и Јувентус со Наполи 1-1&2-4.

Се чекаа двата меча од ЛШ, а и голот на Бен Чилвел за Челзи против Порто во 85-тата минута беше еден од клучните за погоден топ-тикет со вкупна добивка од 160.516 денари на уплатното место Куманово 2 во Sport Life.

ИТАЛИЈАНСКИОТ ТАНДЕМ ГАЗЕШЕ, ОДЛИЧНО ГО НАПЛАТИ И ФЕСТИВАЛОТ ОД ГОЛОВИ ВО МИНХЕН

На уште еден тикет како константа за вчерашните мечеви одигран е италијанскиот тандем Интер и Јувентус со полувреме-крај и на голови по 3+, а обложувач во уплатното место во Слога во Скопје си го наплати убаво и фестивалот од голови во Минхен.

На дербито од четвртфиналето во Лигата на шампионите одиграно е дека ќе има голови во двете мрежи во двете полувремиња, или популарната игра ГГI&ГГII со висок коефициент од 10.25 во Sport Life.

И тука како шлаг на добитниот тикет од 244.047 денари за уплата од 500 денари дојде голот на Чилвел за победа на Челзи против Порто со 2:0.

Токму со тој погодок фатен е типот 2-2&2+ за да се заокружи тикетот само со четири пара, но мајсторски одигран со вкупен нето ќар од 3.400 евра за добитникот со тикет уплатен во Sport Life во скопската населба Чаир.

СЕ РАСПУКА ЧЕШКИОТ ТАНДЕМ СО ИСТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ, ДОНЕСЕ РАДОСТ И 3.500 ЕВРА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Интерсен микс од 8 погодени натпревари донесе голема радост во Македонска Каменица, а добивката е 252.894 денари со уплата од 300 денари.

И да биде приказната уште повпечатлива, за добитен тикет меѓу другите се погрижи чешкиот тандем од Спарта Прага со исто име и презиме.

Ладислав Крејчи помладиот постигна два гола во второто полувреме против Теплице, а поискусниот Ладилсав Крејчи беше стрелец на еден гол во победата од 4:1.

На добитнииот тикет на овој меч одиграно е со комбиниран тип 1&T1, по првото полувреме беше 0:0, а доволен беше блесокот на 21-годишниот Ладислав Крејчи, кој беше прецизен во 49-тата и во 69-тата минута.

Подоцна во игра влезе и попознатиот Ладислав Крејчи, кој е стандарден репрезентативец на Чешка и постигна гол за да биде сигурна добивката од 3.500 евра во Македонска Каменица.

И тука се погодени точно дуелите од Лигата на шампионите, двата меча во Серија А и едниот дуел во Турција, а како убав додаток е победата на Црвена ѕвезда против Партизан во вечното српско дерби и дуелот во Белгија меѓу Бершот и Шарлроа.

- Оглас -

Најнови вести