Го прашаа Дончиќ што ќе купи со парите од новиот договор, а тој со насмевка одговори

Лука Дончиќ ќе остане во Далас маверикс во следните пет години. Ова стана јасно откако Словенецот стави потпис на договорот вреден 207 милиони долари. Дончиќ неодамна се врати од Токио каде беше дел од словенечката репрезентација која го освои четвртото место на Летните олимписки игри.

Новиот договор Лука го потпиша во Љубљана, а потоа одговараше на неколку прашања, од кои најинтересно беше тоа на што планира да ги потроши парите од новиот договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)

„Износот е многу голем, но уште не сум размислил што можам да си дозволам да си купам“, рече Дончич со насмевка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести