Го прашаа Харден како е да се чува Јанис, одговорот траеше една секунда (Видео)

По завршувањето на мечот помеѓу Хјустон рокетс и Милвоки бакс, на Џејмс Харден преку интернет му беа поставувани прашања од новинарите, а кога еден праша колку е тешко да се чува Јанис Адетокумбо, Харден одговори кратко: „Следно прашање!“.

Харден на овој меч стана најефикасен левучар во историјата на НБА, надминувајќи го легендарниот центар Дејвид Робинсон. Харден има 20.796 поени во НБА кариерата и не сакаше да зборува за ривалите.

- Оглас -

Најнови вести