Го прашаа Новак дали би играл дубл со Надал или Федерер, одговори како од топ (Видео)

Во гостување на српската национална телевизија РТС, тенисерот Новак Ѓоковиќ даваше кратки и брзи одговори на кратки прашања, а едно од прашањата беше дали би играл во тандем во двојки со Рафаел Надал или Роџер Федерер.

Ноле не се двоумеше ниту една секунда, и веднаш одговори: „Со Надал“.

Одговорот на Новак беше на некој начин и очекуван, со оглед на тоа што Надал и Ѓоковиќ имаа меѓусебно почитување во текот на нивните кариери, играа рекордни 60 меѓусебни дуели, додека ситуацијата беше сосема поинаква со Швајцарецот, кој не му честиташе на Новак Ѓоковиќ за олимпиското злато и во минатото се сомневаше со повредите на Ѓоковиќ откако ќе предадеше меч.

- Оглас -

Најнови вести