Го прероди Челзи и испиша историја: Тухел со два различни тима стигна до две финалиња во низа

Томас Тухел потполно го прероди Челзи само за неколку месеци. Германскиот стратег вечерва испиша историја по победата на неговиот тим против Реал Мадрид од 2-0 во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Германскиот стратег е првиот тренер кој стигнал до две последователни финалиња во ЛШ со два различни тима, откако го водеше ПСЖ во ланската сезона до битката за трофејот, која ја загуби од Баерн Минхен. Исто така, тој е прв тренер кој стигнал до финале во иста сезона во која претходно добил отказ од друг клуб, а како што е познато, беше разрешен од Светците кон крајот на 2020 година.

Како за потсетување, Тухел му обезбеди на Челзи две битки за трофеи сезонава, Сините ќе играат и финале во ФА купот против Лестер, додека на 29 мај ќе биде она главното во англиското финале против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести