Нокаут за Реал во Лондон: Челзи закажа англиско финале во Истанбул (видео)

Челзи ќе му биде противникот на Манчестер сити во големото финале на 29 мај, кое ќе се игра во Истанбул, откако тимот на Томас Тухел славеше со 2-0 во реваншот против Реал Мадрид, односно со вкупен резултат од 3-1 го елиминира 13-кратниот европски првак.

Сосема заслужено лондончани се пласираа во своето трето финале во клупската историја со погодоците, пред сè, на Тимо Вернер со лесниот погодок во 28-мата минута. Домаќините имаа бројни шанси во второто полувреме да ги разрешат дилемите, меѓутоа Хаверц, Маунт и Канте не ги завршуваа до крај ветувачките акции.

Менди исто така одигра голема улога во победата, неговите две клучни интервенции во првото полувреме го оневозможија Бензема да се радува барем на еден гол. Кралевите делуваа индиспонирано во вторите 45 минути, нивниот гол висеше подолго време, па Маунт конечно дојде до ситуација да ја затресе мрежата на Куртоа и го стори тоа ефектно во 85-тата минута.

Со пласманот во финалето, Томас Тухел испиша историја како прв тренер кој стигнал до битка за трофејот во две последователни сезони со два различни тима откако ланското финале го загуби со ПСЖ од Баерн Минхен.

https://twitter.com/ID24Hd/status/1390044904647233542

- Оглас -

Најнови вести