Го признаваат поразот: Кај је тукај делала Словенија (Видео)

Каде беа нашите играчи за вториот гол на Македонците. Што ни се случи, да ни направат таков контранапад за вториот гол?, пишуваат словенечките медиуми, кои без приговор истакнуваат дека вчера Македонија била подобра и заслужено ја победи нивната репрезентација.

„Контранападот за вториот гол Македонците го изведоа брилијантно, а Елиф Елмас беше незадржлив за нашите играчи на целиот меч. Фантастична акција во режија на Адеми и Елмас“, пишува порталот „Екипа 24“.

Додаваат дека Словенија комплетно била надиграна во Скопје и заслужено загубила, а тоа го потврди и селекторот Матјаж Кек, по мечот.

„Словенија сонуваше пат на Европско првенство, а доживеа тежок нокаут во Скопје“ се дел од другите наслови во словенечките медиуми.

Двете репрезентации на три кола до крајот имаат по 11 бода, но Македонија е на третото место, бидејќи има подобар меѓусебен скор и има нешто поголеми шанси во битката со Полска и Австрија, кои засега се во подобра позиција со 16, односно 13 бодови во однос на конкурентите во Г групата.

- Оглас -

Најнови вести