Го продал златниот медал од светско клупско, за да купи кокаин кој му траел два дена!

Екс-фудбалерот на Сап Пауло, Флавио Доницете, раскажа низ каков тежок период во животот минувал, а дното го допрел кога морал да го продаде златниот медал од Светското клупско првенство за да купи кокаин. А, количината на дрогата која ја купил со продажбата на медалот, му траела само два дена.

Дефанзивецот Доницете не играше во финалето против Ливерпул во 2005 година, но беше во тимот и зеде медал. Иако важеше за талентиран, не прерасна во ѕвезда затоа што се дрогираше. Зависноста од кокаин му ја уништи кариерата и доведе до тоа да си го продаде медалот.

„Морав да го продадам за да купам дрога. Го продадов за околу 3.500 долари и со парите купив кокаин. Првата тура ми траеше само два дена, а потоа со останатите пари купив уште дрога. Целата заштеда ја потрошив на дрога, по трипати на ден морав да земам кокаин. Кога кокаинот ми стана најважен во животот, загубив сè што имав, освен жената, децата и фамилијата, тие се со мене и денеска“ – вели Доницете, кој подоцна станал и алкохоличар.

Сега Доницете е излечен од зависностите, и работи како градинар во градот Американа во сојузната држава Сао Пауло.

„Многу години загубив за сега да му се вратам на фудбалот. Најмногу жалам што пробав кокаин, тој ме уништи“ – заклучува некогашниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести