Го сардисаа Вардар од сите страни – Загубен е и „Случајот Максимов“ во Лозана

Максим Максимов пристигна во Вардар пред три години и беше најавуван како големо засилување за клубот, но не само што не ги оправда очекувањата, туку и му донесе многу проблеми на најтрофејниот македонски клуб.

Денеска во Лозана Вардар го загуби спорот со литванскиот клуб Тракаи, кој тврдеше и според одлуката во Лозана, испадна дека е во право за неплатена отштета од скопјани при ангажманот на Максимов.

Вардар веќе имаше огромни проблеми поради сомнителниот ангажман на рускиот интернационалец и беше казнет од ФИФА со забрана за трансфери во два преодни рокови.

Максимов си замина од Вардар лани, а моментно е член на рускиот второлигаш Торпедо, а сега по одлуката на Арбитражниот суд во Лозана, „црвено-црните“ ќе мораат да платат казна и можно е таа да биде и подрастична, односно со нова забрана за трансфери.

Вардар е лидер во македонското првенство, но по сè изгледа, ќе остане без лиценца за европски настап втора година по ред поради финансиски проблеми. Од клубот си замина сопственикот Сергеј Самсоненко со долг од над два милиони евра, поради кој Вардар речиси сигурно ќе остане без учество во квалификациите за Лигата на шампионите, иако е на прагот на нова титула со 10 бода предност пред Силекс.

- Оглас -

Најнови вести