Го советуваа да не игра, не ги послуша, и почина на терен

Фудбалерот од Бурунди, Папи Фати, почина на 28 години, откако играјќи за клубот Маланти чифс од Свазиленд, претрпе срцев удар за време на натпреварот против Грин мамба.

Трагедијата е што тој знаеше дека има проблеми, лекарите го советуваа да не игра, но тој сакаше да игра, и тоа го плати со живот. Откако падна на терен, лекарите се бореа за неговиот живот, но не можеа ништо да сторат.

Фати од 2008 до 2011 година беше член на турски Трабзонспор, но не заигра за тимот од брегот на Црното море. Настапуваше за Интер старс, за холандски Мастрихт, и неколку клуба во Јужна Африка.

Тој беше репрезентативец на својата земја и за три месеци не дочека да дебитира на Африканското првенство на кое Бурунди се пласираше за првпат.

- Оглас -

Најнови вести