Го споредуваа со Зидан, а сега ќе се занимава со недвижнини

Поранешниот француски репрезентативец Жоан Горкуф е еден од оние играчи од кои многу се очекуваше, а никогаш не го оправда потенцијалот. Тој требаше да биде наследникот на Зинедин Зидан бидејќи игра на иста позиција, а со своите атрибути често покажуваше дека со право го споредуваа со легендарниот Французин.

Горкуф првпат се појави на фудбалска мапа во дресот на Рен. Откако воодушеви со одличните партии, заработи преселба во редовите на моќниот Милан во 2006 година. Сепак, по две и пол сезони, тој се врати во Франција и го облече дресот на Бордо. И за Жирондинците беше одличен, па обезбеди трансфер во Лион за околу 20 милиони евра. Но, честите повреди го спречија во целост да се истакне и да биде константен во натпреварите. Во 2015 година се врати во Рен, а потоа како слободен играч се обиде и во Дижон.

Од јануари годинава е без клуб, а бидејќи не може да најде ангажман, Горкуф на 33 години има намера да ја смени професијата и да почне да се занимава со недвижнини. Така известуваат одредени француски медиуми, кои, сепак, тврдат дека тој има понуди од неколку француски третолигаши, но се чини дека сите ќе ги одбие.

 

- Оглас -

Најнови вести