Го сруши Арсенал, а потоа се замери со фамилијата затоа што дедо му и вујко му се страсни Топчии

Едно од најголемите изненадувања изминатиов викенд во Европа беше убедливата победа на Астон вила на гостувањето кај Арсенал со 3:0. Јунак кај гостите беше Оли Воткинс, кој постигна два гола во период од три минути во второто полувреме и ги шокираше сите фанови на Топчиите.

По радоста на двата гола, Воткинс по мечот откри дека се нашол во необичен проблем. Поголем дел од луѓето во неговата фамилија се фанови на Арсенал, па дури и тој самиот е симпатизер на Топчиите. Посебно жестоки навивачи за Арсенал се неговиот дедо и вујко му.

„Не сум сигурен колку на дедо ми и на вујко ми ќе им се допадне тоа што дадов два гола против Арсенал. Тие се големи навивачи на Арсенал, исто како и мене. Се чувствувам како да сум во облаци“, рече Воткинс.

Голгетерот на Астон вила сезонава игра одлично. Освен двата гола против лондонскиот тим, само пред еден месец постигна хет-трик против Ливерпул, во историската победа од 7:2 на стадионот во Бирмингам, а беше стрелец и во дуелот со Саутхемптон.

 

- Оглас -

Најнови вести