Го уништи Вардар, па сега Самсоненко направи нов клуб

Поранешниот сопственик на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко, направи нова фудбалска академија, „ФК Парк“, која во наредните години има цел да порасне во професионален клуб.

Русинот, кој најпрвин успеа да го донесе Вардар до Лигата на Европа, а потоа и со несовесното раководење да го „закопа“ во оваа ситуација каква што е, ја отвори академијата којашто се наоѓа позади источната трибина на националната арена „Тодор Проевски“, која своевремено беше во сопственост токму на Црвено-црните.

Токму поради Самсоненко, Вардар остана во милионски долгови, поради кои во неколку наврати имаше забрана за регистрации и клубот на крајот на минатата сезона испадна во Втората лига на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести