Го утнаа автобусот: мислеа дека фрлаат камења кон автобусот на гостите, а внатре беа нивните миленици!

Пред почетокот на натпреварот помеѓи аргентински Тигре и бразилски Сао Пауло од Копа Судамерикана, домашните навивачи каменуваа погрешен автобус.

Тие фрлаа камења кон автобус во кој мислеле дека се играчите на Сао Пауло, а всушност внатре беа нивните миленици од Тигре, додека автобусот со делегацијата на Бразилците без проблем стигна на стадион.

Бразилскиот тим победи со 2-0, а можеби една од причините за поразот на домашниот тим е што беа во шок после каменувањето во кое за среќа немаше повредени.

Плејмејкерот Агустин Кардозо од Тигре објави слика на социјалните мрежи со камен во рака и порака: „Смирете се, ние сме во автобусот“. Подоцна тој ја избриша објавата, но беше доцна, сите разбраа за грешката на навивачите на Тигре.

- Оглас -

Најнови вести