Го величаат Пандев: Овој човек е вечен, сам ќе ја спаси Џенова и ќе игра на ЕП со Македонија

Горан Пандев е вечен и сам ќе ја спаси Џенова од испаѓање. Човекот е класа и кога тој игра Џенова е сосема поинаква екипа. Се надевам дека ќе је круниса кариерата со настап на Европското првенство со Македонија и ќе ни донесе опстанок во Серија А, е коментарот на навивач на Џенова, по новата одлична партија фудбал на македонскиот репрезентативец.

Пандев денеска повторно постигна гол и тоа само четири минути откако во 39. минута влезе како резерва на местото на повредениот Џилјоне. Биеше откосо, многу мудро и го совлада Крањо за победа од 1:0.

https://twitter.com/MacedonianFoot/status/1226521575828135937?s=20

За Пандев ова беше шестиот гол сезонава во Серија А со што 36-годишниот ветеран е прв стрелец на најстариот клиуб во Италија.

„Сега сме 2020 година, а Пандев уште дава голови и игра мајсторски. Класата е вечна“, е уште еден од многуте коментари на социјалните мрежи.

За потсетување популарниот Гоче со голот што го постигна против Лече сигурно ќе конкурира за најубав погодок во сезоната 2019/2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести