Годин откри која е главната причина за перфектниот старт на Интер

Уште пред почетокот на сезоната се најавуваше дека Интер ќе има тим кој ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А. По првите пет кола се покажа дека Нераѕурите навистина имаат одличен тим, па со максимални 15 бодови се лидери во првенството. Досега никогаш во повеќе од 100-годишната историја на клубот Интер не стартувал со пет победи во низа.

Еден од оние кои се доведени како засилување на клубот е искусниот дефанзивец Диего Годин. Уругваецот дојде како слободен играч, откри кој е главен фактор за одличните игри на Интер, а тоа е тренерот Антонио Конте.

„Конте и Симеоне се двајцата тренери кои се и одлични личности. Интер се изгради покрај Конте, тој е главната фигура и главниот дел од сложувалката. Конте од мене бара да играм поофанзивно. Сака јас да ги започнувам акциите. Постојано гледаме снимки од противниците и ги анализираме“, открива Годин.

Перфектниот биланс Интер ќе се обиде да го продолжи на утрешното гостување кај Сампдорија во рамките од шестото коло во Серија А. Комплетната понуда за обложување на мечевите од италијанското првенство може да ја видите на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести