Година за паметење – Мечот против Зверев во финале е однапред загубен

Германскиот тенисер Александер Зверев има година за паметење, што ја круниса со пехар на завршниот АТП-турнир на осумте најдобри тенисери во 2021 година, вечерва со победа во финалето против Данил Медведев.

Зверев славеше со 6:2, 6:4 во меч на кој Медведев немаше ниту една шанса за брејк, а Германецот додаде 19-ти пехар во својата колекција.

Германецот блескаше во 2021 година и од позначајните успеси ги освои титулите на турнирите од Мастерс серијата 1000 во Мадрид и во Синсинати, стана и олимписки првак во Токио и вечерва го зграпчи и пехарот во Торино.

И има уште еден подвиг за паметење во 2021 година и на шесте финалиња на коишто настапи, секогаш си заминуваше како победник.

 

- Оглас -

Најнови вести