Годината за Миовски започна на најдобар можен начин: Гол и асистенција за победа на Абердин (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува да ги тресе мрежите во првенството на Шкотска откако попладнево успеа да погоди и во гостинската победа на Абердин и да дојде до својот 15-ти погодок оваа сезона.

Екипата на Абердин со 0-3 на гости го совлада Рос каунти и се најде само на два бода од пласман во плејофот за разигрувањето за шампионската титула во Шкотска.

Нашиот фудбалер најпрво во 24-тата минута му асистираше на Мекгрет за водство на Абердин од 0-1, а во 80-тата минута и самиот успеа да се запише во листата со стрелци и да ја запечати убедливата победа на својата екипа.

- Оглас -

Најнови вести