Годинава нема да има Џошуа – Вајлдер

Битката за обединување на сите светски титули во професионален бокс во тешка категорија нема да се одржи оваа година. Очекуваната и посакувана пресметка на Ентони Џошуа, кој е првак во четири верзии, и Донтеј Вајлдер, кој го има појасот во една, нема да се одржи во 2019, објави Бари Херн, таткото на Еди Херн, чија менаџерска агенција ги претставува интересите на британскиот боксер.

Вајлдер е позаинтересиран за реванш со Тајсон Фјури, со кого неодамна имаа битка без победник. Може да се случи тие двајца да се борат и двапати бидејќи поразениот сигурно ќе сака реванш, па нивните планови да го предизвикаат Џошуа се ставени во позадина.

„Би сакале меч со Вајлдер на 13-ти април на ‘Вембли’, но и покрај сите комуникации и извршени разговори нема никаков напредок. На Вајлдер му нудиме да земе повеќе пари отколку што видел досега во животот, но не дава одговор. Веројатно не сака битка со Ентони, иако јавно кажува дека сака. Тој преговара со Фјури за еден до два меча, ние ќе треба да почекаме“, изјави Херн.

- Оглас -

Најнови вести