Годишнина од двеминутното лудило на „Камп ноу“: Солскјер ја украде титулата од Баварците (видео)

Се памети како едно од најдраматичните финалиња во историјата на Лигата на шампионите. Помина 21 година од дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Баерн Минхен кој се одигра на „Камп ноу“, во кој Црвените ѓаволи предводени од Сер Алекс Фергусон ја освоија европската титула благодарение на погодоците на Шерингам и Солскјер во судиското надополнување.

Гигантот од Минхен уште од шестата минута имаше предност која ја донесе Бослер, па екипата на Фергусон мораше да брка негатива до самиот финиш. Два клучни корнери во дополнителните минути го одбележаа финалето. Мешаницата пред голот на Кан прво ја искористи Теди Шерингам за израмнување, а веќе во следниот напад Бекам повторно нафрли од корнер, а пред голот Солскјер ја дочека топката и ја затресе мрежата за комплетен пресврт.

По инфаркт-финалето, Манчестер јунајтед ја комплетираше тројната круна заедно со титулата во Премиер лигата и ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести