Гофан само ја одолговлечи победата на Надал

Рафаел Надал се пласираше во следната фаза на Ролан Гарос по победата над Давид Гофан со 3-1 во сетови (6-1, 6-3, 4-6, 6-3). Вториот светски рекет имаше малку потешка задача во однос на претходните два меча, за првпат загуби сет, па по речиси три часа успеа да го надигра Белгиецот.

Надал тргна фуриозно и со два брејка за брзо го освои првиот сет и поведе со 1-0. Во сличен ритам продолжи и пак украде два гема при сервис на противникот, додека Гофан се охрабри откако во третиот сет првпат дојде до предност од 5-4 при негов брејк и намали на 2-1 во сетови.

За да нема дилеми, Надал го зададе последниот удар, а за победа му беше потребен еден брејк и една шанса за меч-топка.

Резултати Ролан Гарос трето коло мажи:

Н. Махут – Л. Мајер 1-3 (6-3, 6-7, 4-6, 6-7)

Л. Лондеро – К. Мутет 3-2 (2-6, 6-3, 6-4, 5-7, 6-4)

Резултати Ролан Гарос трето коло жени:

С. Стивенс – П. Херцог 2-1 (6-3, 5-7, 6-4)

Б. Бенчич – Д. Векиќ 0-2 (4-6, 1-6)

 

- Оглас -

Најнови вести