Ѓоковиќ бара да се одложи ОП на Австралија

Актуелниот првак во машка конкуренција Новак Ѓоковиќ, бара да се одложи Отвореното првенство на Австралија поради пожарите кои веќе неколку дена уништуваат голем дел од шумите на овој континент.

Поради тоа, Ѓоковиќ предложи да се одложи првиот овосезонски Гренд слем, иако организаторите и тениската асоцијација засега не го земаат тоа во предвид.

„Мора сè да се земе во предвид, од условите во кои ќе играме до здравјето на играчите. Мислам дека организаторите ќе направат сè за да не се одложи шампионатот. Знам дека одложувањето ќе го поремети сезонскиот распоред, сите сакаат овој Гренд слем да се одржи во планираниот период. Но, на прво место мора да биде здравјето на тенисерите, па сè останато. Ако пожарите продолжат со исто темпо, тоа ќе влијае врз временските услови, како и на квалитетот на воздухот, така што се надевам дека во таква ситуација првенството ќе се помести“, истакна Ѓоковиќ.

Огнената стихија веќе со недели неконтролирано се шири на јужниот дел од континентот поради што голем дел од жителите се евакуирани.

- Оглас -

Најнови вести