Ѓоковиќ без грешка тргна во одбрана на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ очекувано тргна со сигурна победа на стартот од Вимблдон, триумфирајќи со 3-0 во сетови (6-3, 7-5, 6-3) против Филип Колшрајбер во првото коло. На првиот носител на третиот овосезонски гренд слем му беа потребни малку повеќе од два часа за да се пласира во следната рунда, каде што за противник ќе му биде Американецот Денис Кудла.

Србинот беше изненаден на стартот од средбата, откако Колшрајбер му го одзеде првиот сервис, но потоа Новак фати ритам и за брзо поведе со 4-1 по двата брејка, а до водство од 1-0 дојде по девет гема во првиот сет. Германецот пружи многу повеќе отпор во вториот сет, во кој успеа да освои пет гема, но Ѓоковиќ со два нови брејка дојде само на еден сет од првата победа на Вимблдон. Се играше гем за гем до 3-3, а потоа Ѓоковиќ одлучи да ја реши работата што побрзо, експресно направи два брејка и со првата меч-топка го запиша триумфот.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1145698086544654343

- Оглас -

Најнови вести