Ѓоковиќ чекор поблиску до магичната бројка 400, мал пад за Калин и Лина

Веќе не е прашање дали, туку кога Новак Ѓоковиќ ќе ја започне својата 400-та недела како првопласиран тенисер на светската АТП ранг-листа. Србинот од денеска е на „котата 396“, има 2.240 поени повеќе од Карлос Алкарас, и за еден месец треба да влезе во историјата како единствен кој успеал дури 400 недели да биде број 1.

Што се однесува до најдобрите македонските тенисер(к)и, нема големи промени. Кај мажите, Калин Ивановски има пад од три позиции и сега се наоѓа на 308-мо место, но следната недела би требало да скокне погоре, додека кај жените, Лина Ѓорческа има пад за едно место и сега е 187-ма на светот.

- Оглас -

Најнови вести