Ѓоковиќ даде прогноза кој може да биде закана за големата тројка

Српската тениска суперѕвезда Новак Ѓоковиќ, истакна дека Данил Медведев би можел да биде гренд-слем шампион и токму Русинот го гледа како главен кандидат за наследник на триото кое доминира долги години, а тоа се Ѓоковиќ, Федерер и Надал, кои имаат над 30 години и уште се неприкосновени барем на најголемите турнири.

„Данил игра одлично и со одредени знаци сигнализира дека наскоро може да биде шампион. Тој е предводник на мала група кои се доближуваат до гренд-слем титула. Покрај него, тука се и Тим, Циципас и Зверев. Иднината на тенисот е во одлични раце. Ова е групата која надоаѓа, а ние тројца само се надеваме дека тоа нема да се случи оваа година. А, кога ќе се случи, тоа ќе биде добро за тенисот“ – вели Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести