Ѓоковиќ дополнително му побегна на Алкарас, Калин Ивановски со најдобар ранг во кариерата

Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на Карлос Алкарас за уште 180 поени, па има убедливо водство пред вториот на врвот на АТП-листата на најдобри светски тенисери и во ноември треба да се случи историскиот момент, Србинот да стане прв кој цели 400 недели бил број 1.

Неделава почнува Мастерсот во Париз, турнир на кој Ѓоковиќ лани беше финалист и брани многу поени, а Алкарас не играше и со секоја победа ќе си го зголеми контото.

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се наоѓа на 305-тото место и тоа е негов најдобар ранг во кариерата. Калин е блиску до тоа да влезе меѓу 300 најдобри на светот, но според она што се случува на турнирите неделава, следниот понеделник ќе има пад.

- Оглас -

Најнови вести