Искусниот шпански тенисер Фелисијано Лопес успеа да урне еден рекорд на Роџер Федерер, а не ни бил свесен за тоа. На Мастерс турнирот во Индијан Велс, Лопес загуби во првото коло од Американецот Томи Пол со 6:3, 7:6, но и покрај раната елиминација, Шпанецот постави еден рекорд.
За Лопес ова беше 139 учество на Мастерс 1000 турнирите и го надмина рекордот на Федерер кој досега има 138 учества на овие големи турнири.
„Искрено не ни знаев дека го надминав Федерер и дека сум поставил нов рекорд. Знам дека сум играл на многу големи турнири, но не бев свесен дека во Индијан велс го урнав рекордот“, рече Лопес, кој во кариерата има по 18 настапи на Индијан Велс и Мајами, 17 пати играл во Мадрид, 16 пати во Париз, по 15 пати во Рим и Синсинати, 14 пати во Канада, 12 пати во Монте Карло, 9 пати во Шангај и 5 настапи во Хамбург кога овој турнир беше дел од Мастерс 1000.
🇪🇸 Feliciano Lopez is playing his 139th ATP Masters 1000 on his career. Exceeded 🇨🇭 Roger Federer and all time record for him#BNPPO21 pic.twitter.com/J5GWsCYQne
— TennisMyLife (@TennisMyLife68) October 7, 2021
Лопес има одиграно 79 настапи на Гренд слем турнирите и тука го брка рекордот на Федерер кој вкупно има настапи на 81 Гренд слем турнири.