Ѓоковиќ е феномен, сега сервира побрзо отколку пред десет години

Податоци на еден француски интернет портал специјалиран за тенис, покажуваат дека на 38-годишна возраст, Новак Ѓоковиќ има поголема брзина на сервис отколку што имал пред една деценија.

Ова може да се смета за клучен фактор во неговата континуирана конкурентност во елитата на светскиот тенис, иако неговите главни ривали се значително помлади од него.

Во 2016 година просечната брзина на првиот сервис на Ѓоковиќ на Мастерсот во Индијан Велс била 180 км/ч., додека во март годинава на истиот турнир достигнала просек од близу 195 км/ч. Значајна улога во развојот на сервисот на Ѓоковиќ одигра и неговиот екс тренер Горан Иванишевиќ, познат по својот моќен сервис.

Подобрениот сервис дава предност на почетокот на поенот, зголемувајќи ги шансите за освојување на поенот. Ова е од суштинско значење за 38-годишен играч бидејќи го намалува физичкиот напор, со други зборови – колку пократки поени, толку подобро за Новак.

- Оглас -

Најнови вести