Ѓоковиќ е како терминатор – Србинот со еден од најголемите пресврти стигна до чудесна победа и место во финалето

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Дубаи, откако во неверојатен меч успеа да го победи Гаел Монфилс. Играчот кој претходно играл 16 пати против Ѓоковиќ и ги загубил сите 16 средби, одлично го започна мечот во Дубаи. Монфилс го доби првиот сет со 6:2, а во вториот направи и брејк за водство од 3:1.

Сепак, Ѓоковиќ не се предаде и покажа зошто е најдобар тенисер во светот. Србинот успеа да стигне до тај-брејк, каде повторно имаше драма. Монфилс водеше со 6:3 во тај-брејкот и имаше три меч топки, но Ѓоковиќ успеа да се спаси, па на крајот го доби вториот сет со 10:8 во тај-брејкот.

Во третиот сет Ѓоковиќ ја покажа целата своја сила откако Монфилс го доби првиот гем, следуваа шест гема по ред за Ноле и убедливи 6:1 во решавачкиот сет и пласман на тенисерот број 1 во светот во финалето.

„Буквално избегав од поразот, кој се насетуваше во првите два сета. За среќа успеав да се вратам пред крајот на вториот сет. Гаел уграше фантастично, но се случуваат и вакви мечеви и жал ми е за него. Јас морав да ја чекам мојата шанса и ја искористив“, рече Ѓоковиќ кој во финалето ќе игра против Стефанос Ципрас.

 

- Оглас -

Најнови вести