Ѓоковиќ е на петото место, Меси е трети, а кои се на првите две места на најпопуларни спортисти во светот?

Американскиот портал „Sportsbookreview“ објави листа на спортисти кои биле најпопуларни, а очекувано на првите три позиции се фудбалери. Според бројот на објавени текстови, убедливо најпопуларен спортист во светот е Кристијано Роналдо со неверојатни 440.817 текстови. Втор е Нејмар со речиси двојно помалку текстови (226.036), а на третото место е Лионел Меси (208.945 текстови). Во Топ 5 се уште и Ф1 шампионот Макс Ферстапен (150.787) и најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ (136.159 текстови).

Место во Топ 10 има уште и за кЛеброн Џејмс (123.182), Килијан Мбапе (112.526), Ерлинг Халанд (106.064), боксерот Канело Алварес (94.418) и НФЛ легендата Том Брејди (89.680).

Ако се рангираат спортовите, фудбалот е далеку најпопуларен и за него се напишани 1.189.060 текстови. Потоа следи кошарката (298.957), американскиот фудбал (227.005), формула 1 (195.172) и тенисот со 157.829 текстови.

- Оглас -

Најнови вести