Ѓоковиќ е најголемиот губитник поради Коронавирусот

Тениската сезона трпи незамисливи загуби поради Коронавирусот. За првпат по 75 години нема да се одигра неофицијалното светско првенство Вимблдон, а неизвесно е дали ќе има натпреварување на Ролан Гарос. Некогашниот најдобар тенисер во светот Матс Виландер вели дека овој прекин на сезоната најмалку му одговара на моментно најдобриот, а тоа е Новак Ѓоковиќ.

„Ѓоковиќ е најголемиот губитник во тенисот во оваа ситуација. Тој немаше ниту еден пораз сезонава, а пандемијата од Коронавирусот го сопре неговиот налет. Секако дека тука губат и младите момци, како што се Шаповалов, Циципас и останатите. Нив не ги интересираат тренинзите, тие најдобро напредуваат со играње на мечеви. Најголем профит од оваа пауза ќе имаат оние спортисти кои беа повредени за време на Отвореното првенство на Австралија“, вели Виландер.

Челниците на АТП и ВТА се договорија да нема тениски мечеви пред 13 јули.

- Оглас -

Најнови вести