Ѓоковиќ е повреден, ќе мора да оди на операција

Новак Ѓоковиќ веројатно ќе мора да оди на операција на рамото, а се работи за сериозен проблем за најдоброрангираниот светски тенисер.

Ваква информација објави реномираниот „Њујорк тајмс“, што би значело дека за Новак е завршена сезоната и нема да игра во Токио на почетокот на идниот месец.

Ѓоковиќ се повлече од Отвореното првенство на САД и му го предаде мечот на Стен Вавринка при негатива од 0:2 во сетови, а очигледно беше дека е повреден.

Моментно е во Швајцарија, каде што го лекува повреденото рамо.

- Оглас -

Најнови вести