Ѓоковиќ експресно победи, но сепак е разочаран

Новак Ѓоковиќ без проблеми со 2:0 во сетови (6:4, 6:2) го победи Јан Штруф и донесе израмнување за Србија на 1:1 во дуелот против Германија, во Дејвис Купот. Репрезентативното натпреварување се игра во Инсбруг, Австрија, каде има правило дека не треба да има навивачи.

Уште пред денешниот меч, Ѓоковиќ изјави дека е разочаран затоа што игра пред празни трибини, но и тоа дека е свесен дека ова нема да биде последно натпреварување на кое ќе има рестрикции и нема да биде дозволено присуство на публика.

„Пред неколку дена добивме информации дека нема да има публика во Дејвис купот. Тоа беа лоши вести. Публиката е основен дел од овој спорт. Ние играме за да ги забавуваме и усреќуваме навивачите. Затоа сум тажен што играме без публика, но знаеме дека ова нема да биде последен пат да играме пред празни трибини. Сепак, постојат многу поважни работи во светот, од професионалниот спорт“, рече Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести