Ѓоковиќ го освои Токио и посака исто сценарио на Олимписките игри во 2020 година

Без поголеми проблеми, очекувано, Новак Ѓоковиќ триумфираше на АТП 500 турнир во Токио. Најдобриот тенисер во светот за прв пат беше дел од турнирот, а во финалето против Џон Милман славеше со 6:3, 6:2. Ова беше прв турнир на кој Србинот се појави, по откажувањето поради повреда на САД Опен.

Со мечевите кои ги одигра во Токио, повеќе од јасно е дека повредата на рамото е минато. Финалето воопшто не делуваше дека е меч за трофеј. Траеше едвај еден час и 10 минути, а Австралијанецот успеа да освои вкупно пет гема.

На крајот, Ѓоковиќ го подигна трофејот и тоа на теренот на кој за следната година е закажано да се игра олимпискиот тениски турнир на Игрите во Токио. Ноле почувствува како е да се освојува турнир во Токио, сега му останува да остане во иста форма и следната година, па да атакува на олимпиското злато.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести