Ѓоковиќ го среди Димитров за финале во Париз, се чека Надал

Новак Ѓоковиќ го надигра Григор Димитров со 7-6, 6-4 за пласман во финалето на АТП Мастерс турнирот во Париз. Српскиот тенисер ќе се бори за титулата во француската метропола во својата последна недела на врвот на АТП листата, а противник во финалето може да му биде идниот прв светски рекет Рафаел Надал, кој попладнево ќе ги одмери силите со Денис Шаповалов.

Ништо не можеше да ги раздели Ѓоковиќ и Димитров во првиот сет, па мораше да се одлучува во тајбрејк кој Србинот го доби со 7-5. Се играше егал и во вториот сет сè до 2-2, а потоа Ѓоковиќ го оствари првиот и единствен брејк на мечот, што беше доволно за да се обезбеди  шестиот пласман во финалето на турнирот во Париз.

- Оглас -

Најнови вести