Ѓоковиќ и кога е повреден нема гајле, го преслуша и Димитров без загубен сет во Мелбурн (Видео)

Новак Ѓоковиќ и кога има здравствени проблеми и не е комплетно фит е пресилен за тениската конкуренција, а денеска токму во една таква ситуација го преслуша Григор Димитров со 3:0 за пласман во осминафиналето на Австралија опен.

Рекордерот со 9 титули во Мелбурн има повреда на бутниот мускул на левата нога, но и со тој проблем славеше со 7:6(7), 6:3 и 6:4 за да продолжи на турнирот без загубен сет.

Клучен беше првиот сет во кој Новак имаше предниост од 5:3 и беше на прагот брзо да поведе, но бугарскиот тенисер не се предаваше и стаса до тај-брејк.

Таму беше исклучително возбудливо, а поенот за 9:7 на Новак беше фантастичен и тој поведе со 1:0 во сетови.

Во следните два сета на големиот фаворит му беше полесно, отпорот на Димитров спласна за хет-трик победи на Новак без загубен сет на Австралија опен.

Во осминафиналето противник ќе му биде домашниот тенисер Алекс Де Минаур.

- Оглас -

Најнови вести